Утрински Весник
Спорт

Се разделија Хајдук и Дамбраускас

Се разделија Хајдук и Дамбраускас

Сплитскиот Хајдук и официјално соопшти дека тренер на првиот тим повеќе не е литванскиот стратег Валдас Дамбраускас, со кого е договорен меѓусебен раскин на договорот.

dobivaj vesti na viber

Заедно со Дамбраускас од стручниот штаб си заминуваат и неговите помошници Мариус Скиндерис и Јустинас Гасиунас. Во наредниот период тимот ќе го предводи тренерот Мислав Кароглан, кој како помошник тренер учествуваше во работата на изминатите два стручни штабови од првиот тим, пренесе Хина.

Дамбраускас го презеде Хајдук на почетокот на ноември минатата година и со него на кормилото тимот оствари 23 победи, осум нерешени и седум порази.

Литванскиот тренер ќе остане запаметен по освојувањето на трофејот во Купот минатата сезона кога сплитскиот тим во финалето во Сплит ја совлада Ријека со 3:1, со што клубот од Пољуд го освои првиот трофеј по девет години.

Но, последните натпревари очигледно го решија Дамбраускас. Прво тежок пораз од 1:4 од Динамо во дербито, потоа 1:2 кај Осиек и последно реми против Шибеник 1:1.

Хајдук моментално има 12 бода помалку од Динамо (13:25), но и два одиграни натпревари помалку.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина