Утрински Весник
Македонија

Се разболел директорот на ИТ секторот на ФЗО додека го враќале хакираниот систем, а генералниот директор е на одмор

Се разболел директорот на ИТ секторот на ФЗО додека го враќале хакираниот систем, а генералниот директор е на одмор

Од пред неколку денови на боледување е и директорот на ИТ секторот во Фондот за здравствено осигурување. Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска го оправда отсуство, објаснувајќи дека се разболел додека го враќале системот кој не функционираше две недели.

dobivaj vesti na viber

„На тој човек поради големиот стрес и притисок му се влоши здравствената состојба и е на боледување од пред неколку дена“, кажа директорката пред новинарите.

Директорот на ИТ секторот не е единствен директор кој не бил во институцијата за време на нападот. Отсутен беше и Фатон Ахмети кој има функција генерален директор. Тој за разлика од директорот на ИТ секторот си користел одмор.

Филиповска-Грашкоска не сакаше да посочи кој е виновен за нападот, колку пари се барале за откуп на податоците, дали истите се откупени, но и кој ќе сноси одговорност.

„Избразно и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“, додаде таа.

Иако се појави две недели по нападот првпат се појави во јавноста, Филиповска-Грашкоска, кажа само дека го вратиле системот во рекордно време, а не одговори скоро на ниту едно прашање во однос на хакирањето и начинот на враќање. Таа од јавноста и новинарите побара трпение.

Можете да прочитате

Разбиена шема со брзи кредити во Куманово, пет лица оштетиле повеќе граѓани за над 200.000 евра

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Дождот го прекинува топлиот период: Сабота со најмногу простор за есенска прошетка