Утрински Весник
Македонија

Се раскинуваат седум договори за концесии на мали хидроцентрали на Шара

Се раскинуваат седум договори за концесии на мали хидроцентрали на Шара
300x250 (7)

Владата ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за коишто се водеше постапка за спогодбено раскинување на договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Со ова практично нема да се реализираат договорите за концесија на седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина, лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина.

Ss1

Изработен предлогот за спогодбено раскинување на Договорите. Во изработениот предлог за спогодбено раскинување на договорите, според информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите и уплатените трошоци од страна на концесионерите.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула