Утрински Весник
Свет

Се преврте танкер во Јапонија, пет членови на екипажот се водат за исчезнати

Prevrten brod japonija.jpg

Пет членови на екипажот се водат како исчезнати откако јужнокорејски танкер се преврте денеска кај западниот јапонски град Шимоносеки, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража. Во моментот на инцидентот, на бродот имало 11 членови на екипажот, од кои осум биле Индонезијци, двајца Јужнокорејци и еден Кинез. Не е позната состојбата на шестмината спасени членови на екипажот. Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража. Во моментот на инцидентот беа издадени предупредувања за силен ветер и високи бранови, соопшти Кјодо.

Можете да прочитате

Украина вели дека нејзини дронови погодиле една од најголемите руски рафинерии за нафта

Џихадистите добиваат на сила во Мали: Министер убиен, хунтата потресена, руските сили се повлекуваат

Хамнеи: Персискиот Залив ќе има „светла иднина“ без присуство на САД