„Генералот Ратко Младиќ е жив! Неговата здравствена состојба е иста како и претходниот ден, ниту подобра, ниту полоша“. Вака за „Новости“ изјавил Дарко Младиќ, синот на затвореникот откако на социјалните мрежи и на некои портали во соседствот се појави вест дека српскиот генерал починал во затворска болница во Холандија.
„Вчера кај него беше и сопругата Боса. Таа помина неколку часа со него во болничката соба. На генералот не му е добро, толку е слаб што не може да зборува, туку само кратко одговара со „да“ или „не“. Тој спие поголемиот дел од времето. Тој има пневмонија, вода во белите дробови и слабо срце. Дарко Младиќ ни вели дека сега најважно е да си го спаси животот и да добие соодветна терапија“ – пренесуваат српските медиуми.
„Се уште ја чекаме одлуката на судот дали може да го посетат и прегледаат српски лекари, кардиолог и пулмолог. Барањето го испративме во понеделник и секој ден се надеваме на позитивен одговор. Подготвени се веднаш“ рекол Дарко Младиќ за „Новости“.
Засега нема најави или барања од одбраната Младиќ да биде пуштен на лекување во болница во Белград.