Утрински Весник
Македонија

Се паркирал за да користи дрога, но бил забележан од полицијата

Whatsapp image 2026 04 09 at 15.02.37.jpeg

29-годишен охриѓанец бил лишен од слобода во Струга, откако полицијата го затекнала во паркиран автомобил при користење кафеава прашкаста материја.

Како што информира МВР, вчера во 22:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишиле од слобода П.М.(29) од Охрид.

Тој бил затекнат во паркиран автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.

Според полициското соопштение, во моментот кога бил затекнат, 29-годишникот користел кафеава прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни