Утрински Весник
Спорт

Се отвора позиција за Ферстапен да се пресели во Мерцедес !?

411355 Se Sprema Nov Potres Vo Formula 1 Ferstapen Vo Najgolemiot Rival.jpg

Преселбата на екс-шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон од Мерцедес во тимот на Ферари следната сезона , е повода за најава во медумите за уште еден бомбастичен трансфер во „најбрзиот циркус“. Германските медиуми денес пренесуваат дека актуелниот трикратен шампион, „летачкиот холанѓанец“  Макс Ферстапен ќе седне во испразнетото место во болидот на Мерцедес. Како една од причината за реализација на овој трансфер се наведува несогласувањата кои ги имаше Ферстапен со првиот човек на „Ред Бул“, Кристијан Хорнер. Првиот човек на „Ред Бул“ наводно подолг период и испраќал непримерни пораки на колешката на Ферстапен. Во внатрешната истрага се докажа дека е невин, меѓутоа не мислат сите така. Меѓу нив е и таткото на Ферстапен. -Постојат тенизии и додека е Кристијан таму, така ќе биде. Екипата би можела да се распадне. Не може да се продолжи на долги стази на овој начин. Хорнер изигрува жртва и прави проблеми, изјави таткото на Ферстапен. По ваквите информации се огласи и првиот човек на Мерцедес, Тото Волф. -Макс во Мерцедес? Секако тоа дека би го сакал, но мислам дека шампионите ги бараат најбрзите болиди, во овој момент тој го има „Ред Бул“, изјави Волф. Договорот на Ферстапен со Ред Бул е со важност до 2028 година.

Можете да прочитате

Одземено олимпиското сребро на Русинката Гулиев поради допинг

Инфантино: Мораме да се обединиме во борбата против расизмот

Шефилд јунајтед следната сезона ќе ја започне со минус два бода