Утрински Весник
Скопје

Се отвора паричникот: Kој ќе ги купи „независните“ во Карпош?

Flag of karpos municipality north macedonia.svg .png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Карпош врие од шпекулации: дали „независните“ навистина се независни — или само чекаат најдобра понуда пред вториот круг?

Последниве денови низ општината се зборува дека луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ „шетаат“ со список во рака и понуда во џеб — ветувања, функции, „соработки“, како сакате наречете. Целта? Да се купи наклонетоста на групата „Независни за Карпош“, која во последно време се однесува речиси како мини партија, со сопствена структура, гласност и амбиции.


„Независни“ или зависни од интереси? — тоа прашање денес го поставуваат жителите на Карпош, кои со неверување гледаат како група што се декларира како граѓанска и чесна, одеднаш станува „златна акција“ во политички пазар за вториот круг.

Некои извори велат дека понудите не се симболични — и дека партиските играчи „мереле колку вреди“ нивниот советнички мандат и влијание врз гласачите.

Други тврдат дека „Независни за Карпош“ ќе се обидат да одглумат неутралност, а зад сцената веќе се преговара за „постоизборна соработка“.

На социјалните мрежи веќе кружат прашања:
• Кој ќе ги „купи“ независните?
• Дали некој веќе понудил пакет договор – место, функција, тендер?
• Или пак, ќе следи гласно демантирање и патетично објаснување дека „не се на продажба“?

Јасно е само едно: во Карпош веќе се брои кој кому ѕвони, кој кого поканува на кафе и кој колку чини.

И додека граѓаните чекаат идеи и визија за општината, политичките брокери работат прекувремено.

Можете да прочитате

Станари во зграда во Кисела Вода се жалат дека се гушат во мирис на марихуана

Екстремно загадено во Скопје, МЖСПП со мерки и препораки

Општина Ѓорче Петров сака да ја зголеми цената за сместување во градинките