Утрински Весник
Свет

Се огласи Кремљ по тврдењето на Лукашенко дека шефот на „Вагнер“ е во Русија

Песков: Ситуацијата е безнадежна, води до вистинска ескалација

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ не ги следи движењата на шефот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

dobivaj vesti na viber

Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека Пригожин не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург.

Тој рече дека Пригожин е апсолутно слободен и дека не е во никаква опасност и дека е сигурен дека Владимир Путин нема да го убие шефот на „Вагнер“.

„Не, ние не го следиме неговото движење. Немаме можност и желба да го сториме тоа“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали Москва го следи Пригожин.

Тој истакна дека сè уште важи се што е договорено по настанот на 24 јуни, кога се случи погронот на Пригожин и нема што повеќе да се додаде на оваа тема.

Можете да прочитате

Трамп и Путин слетаа во Алјаска

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин