Утрински Весник
Македонија

Се огласи Фриком по пожарот: Ветуваме дека ќе ви го вратиме вкусот на летото многу брзо

Frikom.jpg

Магацинот на компанијата Фриком беше зафатен од пожар кој деновиве беснееше во скопско, а денеска се огласија од компанијата.

-Летото е за создавање убави спомени, патувања, бакнежи и сладоледи. За жал ова лето нашата Македонија се бори со огнени стихии. Пожарите што ја зафатија земјата, не го поштедија ни вашиот Фриком.


Магацинот, од каде до секој фрижидер стигнуваат вашите омилени производи, е целосно изгорен. Тоа значи дека во наредниот период можеби нема да ги најдете Капри, Мачо или Кинг во маркетите близу вас.
Најважно е дека нема повредени и настрадани и дека сите наши вработени се безбедни. Ни тежи на душата, не само како компанија, туку и како дел од оваа земја. Ние сме тука, дел од оваа заедница со децении, не само на етикетите туку и со срцето.

Но, нема откажување. Ова лето ќе создаваме спомени за храброста, заедништвото и опстојувањето, спомени за пожарникарите на кои сме им бескрајно благодарни, спомени за волонтерите, за соседите што си помагаат едни на други во гаснењето на пожарите.

Нашиот тим веќе работи на решенија за што поскоро да ви се вратиме. Не само со сладоледот, туку со она чувство што го делиме веќе со години – дека сме ваши.

Фала за поддршката и пораките што ни ги испраќате.

Ветуваме дека ќе ви го вратиме вкусот на летото, на детството, на љубовта и насмевките многу брзо, велат од компанијата.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија