Утрински Весник
Македонија

Се одбележува Денот на шегата

Denot Na Shegata.webp.webp

Денот на шегата – 1 Април денеска ќе биде одбележан со повеќе настани. Познат е како ден кога се прават шеги, а традиционално најмладите се маскираат со ликовите на омилените јунаци од цртаните филмови и се бираат најдобрите маски.

Речиси во секоја општина се организираат манифестации со кои се одбележува Денот на шегата. Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!”, Општина Кисела Вода организира голема забава под маски за најмладите пред салата Расадник каде ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел ќе бидат задолжени „Поточиња”.

1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги. Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмеваат. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден. Во Франција и Италија, децата на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија на грбот. 

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана