Утрински Весник
Свет

Се карале а потоа бил отворен оган: пукање во Сомбор

Сопружници нападнати на булевар во Скопје

Денеска околу 17 часот имало пукање во Сомбор.

dobivaj vesti na viber

Според првите неофицијални информации две лица се ранети, а нивните животи не се во животна опасност.

Нешто пред 17:00 часот полицијата добила дојава дека едно лице пука во неговата куќа, по доаѓањето на местото на настанот, сопственикот на куќата отворил оган кон полицијата. При тој напад двајца членови на полициските сили се здобиле со повреди, прострелни рани кои не се опасни по живот, се истакнува во извештаите на регионалните медиуми.

Напаѓачот е ранет во вкрстен оган и исто така е надвор од животна опасност.

По пукањето тој бил совладан и пренесен во Општата болница во Сомбор.

Полицијата е на лице место и увидот е во тек.

На целата драма наводно и претходела расправија во семејството по што мажот почнал да пука, пренесуваат медиумите во соседството.

Можете да прочитате

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци

Анкара подготви десет луксузни Togg лимузини за Самитот на НАТО

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД