Утрински Весник
Скопје

Се чистат од снег патиштата кон Кучково и Грачани во Општина Ѓорче Петров

20241225105246 Big 730x400 76 E1735123592597.webp.webp

Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните.

Како што информира Општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен се додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.


– Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето, порача градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров нагласува дека остануваат посветени на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани.

Можете да прочитате

Утре без вода една улица во општина Карпош

Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“ во Скопје

За утре најавени два прекини во водоснабдувањето во една скопска општина