Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта?

Sdsm 1.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети.


Веќе трет ден молчат и не откриваат колку чинел летот со приватна авиокомпанија, со кој педесетина претставници на Владата и медиуми отпатуваа за Будимпешта. Мицкоски, познат по тоа што „го болат колената” во економска класа и секогаш избира бизнис-класа, овој пат решил да оди чекор подалеку – со приватен чартер.

Откако медиумите обелоденија дека Владата изнајмила авион, три дена јавноста чека одговор: колку чинеше ова патување? Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, плаќаат високи сметки и се борат да купат основни продукти, Мицкоски патува со приватни авиони и порачува дека во буџетот нема пари за повисоки плати.

Оваа ароганција и расипништво не е запаметена кај ниту една претходна Влада. Мицкоски има пари за сè – освен за граѓаните. И тоа е сè што треба да се знае за неговото владеење и политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето