Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

Започнува скрининг процесот за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, како нов чекор на патот на државата кон ЕУ, кој следи по отворањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Евроинтерацијата е стратешка цел на државата и на граѓаните. Затоа е важно сите да бидат максимално вклучени и да има национален консензус за пристапниот процес, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Преговорите и целиот процес на преговори за членство во Униијата е државен и национален проект, кој ќе ја трансформира државата на подобро.

Владата предводена од СДСМ во јули годинава ги започна преговорите со ЕУ, на што државата чекаше 17 години.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на државата и на граѓаните.

Македонската иднина е европска, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка