Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ

СДСМ: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ

„Со денови Скопје се дави во ѓубре. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде невиден хаос. Ваква катастрофа во Скопје е незапеметена досега. Ова што Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ му го направи на главниот град е срамно и тажно во исто време“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Мицкоски ги излажа и ги изневереи скопјани. Лично Мицкоски бараше гласови за Арсовска, ја промовираше за „најдобра менаџерка“ и „вистинска мајка“ и тој е директно одговорен за ова што се случува денеска.

Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, на главниот град му приредија уште една катастрофа.

До толку се неспособни градоначалниците на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, со едно ѓубре не можат да излезат на крај“, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ и Мицкоски го претворија Скопје во депонија. Хаос имаше и со градскиот превоз, нема проекти, нема развој, ДПМНЕ од Скопје направи нечист, загаден и нефункционален град.

Одговорноста е директно кај шпицниот Мицкоски и неговите кадри од ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Божиновска на TECHMECH 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Реакција на СДСМ на Антонио Милошоски