Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години. Со тоа потонаа сите лаги и хистерии што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ дека ќе станел бугарски дијалект, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека не мора од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите лаги околу македонскиот јазик и идентитет, со кои грубо ја манипулираа јавноста. Сега, кога на дневен ред во Собранието е ратификацијата на договорот со ФРОНТЕКС ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да го поддржат, со што барем малку ќе го исперат срамот од лажните вести, навредите и клеветите.
Имаат прилика преку гласање за ратификација на Договорот, на дело да го поддржат евроинтегративниот процес, како стратешка цел и единствена алтернатива на државата, се вели во соопштението.