Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за продолжување на исплата за студентски оброк

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за продолжување на исплата за студентски оброк
300x250 (7)

Пратениците од мнозинството предводено од СДСМ денеска во Собранието ги изгласаа дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк. Законското решение е согласно договорот постигнат со претставниците на студентските собранија и предвидува субвенциониран студентски оброк да продолжи да се исплатува по старите критериуми до 15.03.2023 година. Меѓутоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за студентски оброк. ВМРО-ДПМНЕ е против интересите на студентите. Тоа е партијата која своевремено ги тепаше и злоупотребуваше студентите за свои партиски цели, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, тие го слушаат гласот на студентите и работи за подобрување на студентскиот стандард, низ инклузивност и дијалог.

Ss1

Студентските собранија се вклучија во работните групи кои треба да го креираат системското решение за субвенционираниот оброк најдоцна до 15 Март 2023 година. Веќе е организирана дискусија со претставници на студентските собранија, со цел креирање на Акциски план за подобрување на условите во студентските домови, велат од СДСМ.

Со поддршка на германската развојна банка обезбедени се 20 милиони евра со кои ќе се реконструираат студентските домови и неопходно е да се започне со најприоритетните како домот Стив Наумов. Со години во оваа држава студентите немаше кој да ги седне на маса. СДСМ ги слуша проблемите на студентите, работи за нив и ги вклучува во носењето на политиките, кои што ги засегаат, се вели во соопштението.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија