Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Власта е во паника од темата „мигранти за пари”

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Темата „мигранти за пари” и објавувањето на вистината за криминалните тендери создаде огромна паника кај ВМРО-ДПМНЕ.

Донесоа неуставна Резолуција за предавството што го направија. Се обидуваат да ја замолчат опозицијата, да ја  ограничат слободата на говор, да воведат цензура на медиумите. По секоја цена да спречат дебата во јавноста и да го заплашат секој за темата мигранти.

Кујните на ДПМНЕ готват лажни вести и дефокусираат од главата тема на големо. Ја напаѓаат СДСМ, претседателот Филипче и новото раководство со секојдневни манипулации, со навреди и лични дискредитации. 

За да го спречат драматичниот пад на довербата на Владата посегнаа по уште еден пропаганден потег од препишувачката школа на Вучиќ: лажна анкета. 

Паниката се гледа во секој потег. Власта е уплашена од вистината која ја објавија британските медиуми за договорот.

Вистината не може да се забрани со резолуции.

Вистината не може да се покрие со лажни вести и лажни анкети.

Планот на ДПМНЕ веќе е препознаен, избори па мигранти за пари, во јуни.

Нема да ви помине! 

Ќе ја одбраниме Македонија!

Можете да прочитате

МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина – приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа

Платформа 12:05: СДСМ губи, Филипче слави – раководството веднаш да си замине од „Бихаќка“

Чилиманов: Лозарите не смеат и во 2026 година да бидат жртви на задоцнети мерки и нетранспарентна земјоделска политика