Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Вистински паразит е Мицкоски, за две години земал 50.000 евра од граѓаните

Мицкоски: Власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот на Македонија за 400 милиони евра
Ss2

ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити, со години земале државни пари и се богателе на сметка на граѓаните кои тогаш тонеа во долгови и сиромаштија. Прв и главен меѓу вистинските паразити е Христијан Мицкоски, обвинуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра.

300x250 (7)

Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 50.000 евра пари од граѓаните.

Сето ова се случува во периодот кога цената на струјата се зголеми за 100 отсто без при тоа да има каква било светска криза, во период кога не се изгради ниту еден сериозен енергетски капацитет.

Еве кои се вистинските паразити кои на грбот на граѓаните примале огромни месечни приходи народни пари, со години“, додаваат од СДСМ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт