Утрински Весник
Економија

СДСМ: Ветеното-исполнето, минимална плата од 20.175 денари

МТСП: Минималната плата од месец март ќе биде 20.175 денари, над 2000 денари повисока за една година

Преку одговорен, инклузивен пристап, СДСМ успеа да донесе системско решение за раст на минималната плата. Од овој месец минималната плата во сите сектори ќе изнесува 20.175 денари, што е за над 2.000 денари повеќе од досегашната минимална плата. Со тоа, речиси една и пол година пред предвидениот рок, ќе го оствариме ветувањето за минимална плата од 20.000 денари, дадено пред граѓаните на парламентарните избори во 2020 година, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Владата, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ донесоа системско решение за раст на минимачната плата, кое никогаш повеќе нема да зависи од политичката волја на која било влада во иднина. Новото зголемување на минималната плата ќе придонесе за дополнително зголемување на сите плати во државата, а со тоа и на просечната плата која сега изнесува над 34.000 денари.

Како одговорна партија, продолжуваме посветено да работиме на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм