Утрински Весник
Спорт

Брилијантно прво полувреме на Томпсон – Вориорс го победија Феникс

Брилијантно прво полувреме на Томпсон – Вориорс го победија Феникс
Ss2

Клеј Томпсон е тема на денот во НБА лигата. Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА, ги предводеше Голден стејт Вориорс до победата над Феникс Санс со 123:112.

dobivaj vesti na viber

Томпсон влезе во историјата на лигата. Тој 33 од своите 38 поени постигна во првото полувреме.
Во првото полувреме, за само 18 одиграни минути, Томпсон постигна 33 поени, шутирајќи 12/18 од поле, од кои 8/12 за тројки.

Ss1

Тоа беше петти натпревар во неговата кариера на кој стигна до 30 поени во едно полувреме и десетти оваа сезона во кој постигна 30 или повеќе. Исто така по трет пат во кариерата во првите две четвртини успеа да постигне 30 поени и осум тројки. Со тоа се израмни со Демијан Лилард, кој беше единствениот играч во последните 25 години на кој тоа му успеа во НБА.

Тој успеа да постигне осум тројки до полувремето по петти пат во кариерата. Ниту еден играч не успеал да го стори тоа барем од сезоната 1996/1997 година, истакнуваат статистичарите. Во натпреварите во кои постигнува најмалку 35 поени, неговите Голден стејт Вориорс имаат биланс од 32 победи и три порази.



Томпсон со својата партија го засени Јанис Адетокумбо, чии Милвоки Бакс славеа во дербито против Сакраменто Кингс со 133:124. Јанис мечот го заврши со 46 поени и 12 скокови. Одличен меч за Бакс одиграа и Крис Мидлтон со 31, односно Брук Лопес со 23 поени.

Кај Сакраменто Кингс најдобар стрелец беше Диарон Фокс, кој постигна 35 поени. Домантас Сабонис одигра одличен натпревар и забележа трипл-дабл со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции.

Преку 40 поени, изминатата ноќ, постигна и Џејлен Браун, но неговите Бостон Селтикс не успеаја да победат во дуелот со Хјусотм (109:111). Браун натпреварот го заврши со 43 поени.

Ss1

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот