Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста

СДСМ: Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со дезинформации и невистин, во врска со наводно склучени договори на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за закуп на земјиште. Наместо опозицијата да се занимава со блокирање на помошта за земјоделците, детално да го провери изворот и владиноста на она што ги презентира како наводна афера“ реагираат од владејачката СДСМ на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека „договорите со кои мафта Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ очигледно се фалсификат“.

„Не се изготвени од страна на надлежниот сектор, не се согласно пропишаните критериуми за подготовка на договори за закуп на земјоделско земјиште и иститите се со архивски броеви кои се фиктивни и не постојат во архивата на министерството, а кај истите е евидентно дека не се потпишани лично од страна на министерот, ниту пак е употребен факсимил за нивно потпишување. Уште во октомври 2021 година поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против непознат сторител и одговорни лица во МЗШВ за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување – фалсификување на службена исправа“ велат од партијата.

Од СДСМ посочуваат дека „службите на министерството будно ги следат сите неправилности во врска со појавувањето на лажни договори за закуп и навремено се известуваат надлежните органи заради понатамошно истражување и поведување на соодветни постапки“.

Бараат „ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини за изнесените лаги и невистини до министерот Љупчо Николовски, до земјоделците и до целата јавност“.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија