Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Три дена до уште една лага и неисполнето ветување на Мицкоски за реформската агенда

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Уште само 3 дена остануваат до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека целосно ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат.

3 дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски.

Како што лажеше Мицкоски за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, како што лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет, така и денес лаже за Реформската агенда дека ќе ја заврши до 1 јуни. 

За две години непотполно завршија 2 точки, од 10, а останува и клучното, уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот, обврска без која нема да се помрднеме од мртва точка.

Без тоа, нема продолжување напред во преговорите со ЕУ, нема отворање на следните поглавја, нема нови европски фондови, нема подобар животен стандард за граѓаните. 

Нека ги внесе малцинствата во Уставот или нека излезе и пред граѓаните Мицкоски и да признае дека не сака членство во ЕУ. 

Мицкоски и ВМРО-ОКГ не сакаат ЕУ затоа што се плашат од европските правила, европското обвинителство и одговорност за криминалот и корупцијата.

Можете да прочитате

Кузеска до власта: Распишете референдум

Нов случај на семејно насилство во Охрид

Неколку вработени пријавиле здравствени проблеми по оброк во фабрика во ТИРЗ Штип