Утрински Весник
Македонија

СДСМ: „Тендерски мрежи” ќе биде најголeмиот корупциски скандал во историјата, имаме преку 50 случаи за корупција на ВМРО-ДПМНЕ

Tenderski Mrezi.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ денес продолжува со серијалот скандали „Тендерски мрежи”. Ќе се презентираат нови докази за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои испумпуваат пари од институциите, но и од проекти фиансирани од унгарскиот кредит. 


Вчера откривме шема во која на компанија гонета за местење тендери  се доделени 50 тендери до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, денес продолжуваме со објавување на вистината за нови злоупотреби. 

За четири години колку што се на власт ВМРО-ДПМНЕ во мнозинството општини, извршиле огромни кражби на парите на граѓаните преку матни тендерски постапки. 

Десетици фирми кои се вртат и се блиски до ВМРО-ДПМНЕ вртат милиони евра кои потоа завршуваат во џебовите на партиските функционери. 

Во 12:00 часот во седиштето на СДСМ ќе биде објавен нов скандал

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

Вработен во МВР, возел во спротивна насока, па му се заканувал на полициски службеник

Претреси низ Македонија за дела поврзани со детска порнографија