Утрински Весник
Економија

СДСМ: Срамно, oткако Мицкоски ги зголеми платите во Влада, вели дека нема да се покачуваат

1729964432 Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Oткако си ја покачи неговата функционерска плата, заедно со платите на министрите кои после еден месец се пожалија дека не смее да им се намали платата, сега Мицкоски кажува приказни.


Нема да се зголемат платите на функционерите откако се зголемија платите на функционерите – вака звучи Мицкоски кој до пред неколку месеци ветуваше нешто друго дека како власт ДПМНЕ ќе ги намали платите на функционерите.

Тоа ветување Мицкоски не го исполни.

Додека Владата на Мицкоски не прифаќа ниту еден амандман за поголеми плати за работниците, за полицајците, за пожарникарите, одбива да ја зголеми минималната плата, во исто време ги зголемува парите за мебел и нови возила за функционерите.

Според Мицкоски сите треба да работат за минимум, но функционерите од власта и министрите да имаат огромни плати, да уживаат во нивните примања и да патуваат со бизнис класи на грбот на граѓаните.

Ваков арогантен однос кон граѓаните досега не покажала ниту влада како оваа на Мицкоски и ДПМНЕ.  

Можете да прочитате

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава

Левица: Најпрофитните компании исплаќаат срамно ниски плати или немаат ниту еден вработен