
Соопштение на СДСМ:
Град Скопје под ВМРО-ОКГ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја започна кампањата за наводно „разубавување” на влезот во градот.
Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата слика е генеричка и без никаква врска со реално Скопје.
Ова не е прв пат ВМРО да го унаказува главниот град.
Познато е дека токму ВМРО, преку проектот „Скопје 2014″, го обезличи градот со стотици споменици, фасади од стиропор и лавови кои немаа никаква историска или естетска вредност.
Сега, наместо вистинско уредување и инвестиции, добиваме уште една кампања со AI-генерирани слики.
Наместо реални резултати, ВМРО-ОКГ и Орце постојано прават кампањи. Сè е кампања, а резултати нема.
Наместо да се вложува во квалитетна инфраструктура, чистота, нови автобуси, уредување на градот, граѓаните добиваат уште еден симбол на аматеризам и срам.
Особено е понижувачки што ова се случува во летната туристичка сезона, кога бројот на странски посетители е зголемен.
Наместо да се покаже уреден и достоинствен град, туристите на влезот во Скопје добиваат слика која повеќе наликува на лоша шега отколку на репрезентација на главниот град.
ВМРО-ОКГ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат со истата пракса: кампањи наместо резултати.
Главниот град заслужува подобро, скопјани заслужуваат подобро.


