Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ЈСП тоне во долгови и нема пари а за „Маратон“ блиска до власта има над 1,5 милиони евра

Jon frkoski sdsm 1.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Додека ЈСП Скопје тоне во долгови, нема средства за плати, нафта и резервни делови, фирми блиски до власта на ВМРО добиваат милионски договори од државни институции, објави денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ на прес конференција.


Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, посочи дека фирмата „Маратон гроуп”, по доаѓањето на ВМРО на власт, добила над 1,5 милиони евра народни пари.

„Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на ‘Маратон гроуп’, блиска до власта”, рече Фрчкоски.

Тој нагласи дека договорите се склучени со Државна лотарија и Државна видеолотарија, за надворешно и внатрешно рекламирање на автобусите на ЈСП Скопје.

„Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1,5 милиони евра народни пари. За само две години”, истакна Фрчкоски.

Скандалозно е што додека граѓаните се соочуваат со нефункционален јавен превоз, власта обезбедува милионски договори за приватна фирма.

„Нема нови еколошки автобуси за скопјани, ама има 1,5 милион евра за омилените фирми блиски до власта. ЈСП тоне и нема пари за нафта, резервни делови и плати, ама за приватната фирма ‘Маратон’ со само 11 вработени има пари. Само на скопјани нема кој ништо да им обезбеди и нема кој да им плати”, рече Фрчкоски.

Можете да прочитате

Сопружници се обвинети дека го убиле докторот Ацо Трповски во Железара

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

Мислела дека дава пари за лечење болно дете, жена од Прилеп измамена за 700.000 денари