Утрински Весник
Македонија

СДСМ се враќа, кризата од изборите е минато

Venko 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

„СДСМ е подигната на нозе и функционална, активна во политичкиот простор и со тоа би рекол првата фаза на стабилизација е целосно завршена” истакна на денешниот брифинг со медиумите,  претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. 

Тој истакна дека периодов ќе е фокусиран, на средби и разговори со членството, раководствата од партијата, претседателите, извршните одбори. Идните чекори на партијата се да се формираат работни групи, со цел СДСМ да биде функционална, а сите партиски тела оперативни. 

„Целта е да се формираат работни групи во коишто ќе членуваат не само официјалните во моментот општински раководства туку и овие луѓе коишто на некој начин се тргнати на страна и во рамките на тие групи да почне и формалниот процес на општински конференции во кои ќе започне и изборот на нови делегати на Конгресот имајќи предвид дека мандатот на овие делегати истекува на крајот на септември, а целта е крајот на септември и почетокот на октомври со се ова што го правиме сега да се конституира новиот конгрес со новите делегати којшто ќе го избере централниот одбор којшто понатаму ќе го избере и новото раководство на партијата. До тогаш целиот процес ќе го водат работните групи” рече Филипче на брифингот. 

Филипче најави и целосно нова стратегија на СДСМ. 

„Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија” Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики коишто ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во којашто беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности”-истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг.

Можете да прочитате

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме