Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Рамо до рамо со народот, до победа

СДСМ: Рамо до рамо со народот, до победа

СДСМ започна големата теренска активност под слоганот „Рамо до рамо до победа“, во чии рамки претставници на партијата со граѓаните ќе разговараат за актуелни теми, ќе дадат отчет за сработеното, но и ќе бидат најавени следните активности, информираат од партијата на власт.

dobivaj vesti na viber

Со „рамо до рамо со народот“, во наредниот период, како што велат, претставници на СДСМ ќе посетат 946 населени места ширум татковината, ќе разговараат со сите граѓани, во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница.

„Најтешкото е зад нас но предизвици за македонската иднина се уште постојат. Потребна е сплотеност, заедништво и мобилизиција на целото македонско општетство за нова победа на државата!

СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и да ги разобличи промашените пропаганди, да го порази евтиниот популизам на Левица и ВМРО-ДПМНЕ и да ги трасира победничките политики!

СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднината на земјата. Рамо до рамо со народот, ќе продолжи да се бори за подобро утре за сегашните и идни генерации“, се истакнува во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт