Утрински Весник
Економија

СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи, доаѓа нов авион за Мицкоски

85791b79 73fd b3b1 65dc cb13a24bb681.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари.

Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти.

За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните фрижидери и во празните паричници.

Просечната платата за еден месец паднала за 1.163 денари, минималната плата од 26.000 денари не е доволна ниту за третина од потрошувачката кошничка која порасна на 70.000 денари. 

Високите цени секојдневно ги празнат семејните буџети.

Тоа е вистинската слика за „третата економија во Европа” на Мицкоски.

Веселата математика на Мицкоски не може да ја плати сметката на ниту едно семејство.

Помала плата. Поскап живот. Празни џебови и празни фрижидери.

Но ајде да зборуваме за убави работи – доаѓа нов авион за Мицкоски.

Можете да прочитате

Серафимовски додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед”

Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста, туку е навремена реакција за заштита на граѓаните

Цветаноски: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии – арамијата троши како да има бунар без дно