Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Поскапи цени и поголеми трошоци за живот – дебакл и на новогодишната кошничка

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од сопштение за јавност на СДСМ:

И новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл.


Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила.

Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и маркетите.

И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кошничките се промашување.

Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%.

Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока.

Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада.

Наместо погрешни и промашени политики со кошнички власта треба да ги профати предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на платите.

Само така може реално да се намалат цените и да се подобри животниот стандард на граѓаните.

Можете да прочитате

Перински на национален Совет за рамномерен регионален развој: Со соодветни политики, рамномерниот развој е достижен

Од утре стабилно време со позитивни дневни температури

Лефков: До кога мислат во СДС дека ќе бегаат без да се извинат за Артан Груби?