Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Поддршка и солидарност за украинскиот народ

Sdsm.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Денеска на точно три години од почетокот на неиспровоцираната руска агресија врз Украина, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува искрена поддршка и солидарност кон украинскиот народ во неговата херојска борба за слобода, демократија и суверенитет. 


Храброста, достоинството и отпорот на украинските граѓани се пример за целиот свет дека слободата и демократските вредности секогаш ќе надвладеат над агресијата и насилството.

СДСМ ги поздравува напорите на меѓународната заедница, особено САД и Европската Унија, кои цврсто стоеја сите изминати три години покрај Украина и ја поддржуваа во нејзината праведна борба. Изразуваме надеж и уверување дека оваа поддршка ќе продолжи се додека мирот, територијалниот интегритет и безбедноста на Украина не бидат целосно обезбедени.

СДСМ дава целосна поддршка на Украина и нејзините граѓани. Нивната борба е наша заедничка борба за свет во кој владеат мирот, демократијата и човековите права.

Можете да прочитате

Авторот на македонското знаме Грчев: Сонцето и црвената боја да останат, но знамето може да се усоврши

Јоновски за 4ТВ: Стравот од реакциите на соседите го одложуваше изборот на нов државен грб

Огномет, илјадници граѓани на плоштад – спомените на Перо Камиказа од 8 Септември 1991