Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ЈО да отвори истрага за незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ

Sdsm.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите кои токму законите ги предвидуваат.

Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност. 

Наместо веднаш да го разреши Мицкоски по секоја цена го брани ова незаконско поставување. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажува дека за неа не постои ниту право ниту правна држава.

Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди  кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот.

Христовски не ги исполнува условите и треба да поднесе оставка од функцијата директор на АНБ а потоа да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.

Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен.

Можете да прочитате

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари

Мицкоски: Информацциите зошто Груби не бил испратен во „Шутка“ се доверливи

AХВ до градоначалникот на Крива Паланка: Кравите не можат да се соберат преку ноќ!