Утрински Весник
Економија

СДСМ: Нова германска инвестиција вредна 65 милиони евра и нови 755 работни места

Кривична пријава против скопјанец поради сомнение за фалсификување пари

Во државата влегува нова германска инвестиција на компанијата за литиум-јонски батерии „БМЗ“ во вредност од 65 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Инвестицијата отвора нови 755 работни места, со плати од над 1200 евра бруто, велат од СДСМ.

Со проектираниот годишен извоз од над 360 милиони евра, се очекува БМЗ поволно да влијае на извозните способности на државата и подобрување на трговскиот баланс, но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи на економскиот раст и развој на земјата.

Партијата заклучува дека економските политики на Владата создаваат поволна бизнис клима, со која Македонија останува атрактивна дестинација за странски инвестиции. Со овој договор во последниве 2,5 години, велат од СДСМ, е заокружен инвестициски циклус од над 950 милиони евра, кои веќе креираат нови работни места чијашто вкупна бројка ќе достигне над 12.500.

Можете да прочитате

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Фајненс тинк изразува загриженост за зголемување на дефицитот