Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нов ден, ново погазување на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект

Sdsm.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции. 

Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно. 

Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните. 

ВМРО-ДПМНЕ освен што се фали со проектите на СДСМ и си ги погазува сите ветувања засега нема реализирано ништо значајно или ново за граѓаните. 

Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ. 

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проекти ниту автентична политика.

Можете да прочитате

Мицкоски: Бегалски кампови во Македонија нема да има, темата е затворена

Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција, сметаат од СДСМ

Oтворање на 15. Филозофски филмски фестивал со „Евангелие според Матеј“ од Пазолини