Утрински Весник
Економија

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници”

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Поголема минимална плата? 

Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. 

Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.

Ни доаѓаат „економски работници”. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот. 

Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија.

Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија. 

Што да се прави, договор си е договорот.

Засега во буџетот недостига само една милијарда евра.

Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери.

Можете да прочитате

Продажбата на станови падна за 14 отсто, во Карпош платени 128.000 евра за 41 квадрат

Мицкоски: Алта Банка нема да банкротира на брутален начин како Еуростандард

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?