Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нарко босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска: Колку му платил нарко босот Барон на ВМРО-ДПМНЕ?

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Силјановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување?

Прашањето е: што ѝ должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко-кланот „Барон”, и какви услуги им враќаат?

Откако Силјановска вчера се заплетка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калајџиев дека комисијата само дава мислење, а претседателката е таа што помилува, денес е должна да излезе заедно со Мицкоски и да објаснат што е позадината на овој скандал.

Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во глувчешка дупка, да каже каква е неговата улога во целиот скандал и да не молчи.

Правната држава денес е погребана, а правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска важи само за нарко-картели и лица од подземјето.

Безбедносната ситуација е сериозно нарушена, улиците се небезбедни и, згора на сè, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска пуштаат криминалци и нарко-дилери на слобода. Македонија станува опасно место за живеење, а граѓаните се плашат за својата безбедност благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад