Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Над 18 милиони евра за капитални проекти во образованието во 2023 година, инвестираме во образовниот систем

МОН: Изготвени нови закони за средно и стручно образование и обука, граѓаните ќе можат да дадат свој придонес
Dik 300x250 mk

СДСМ во изминатите пет години сериозно вложува во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. За 2023 година за капитални инвестиции во образованието се предвидени 18,3 милиони евра, што е за 8,9 отсто повеќе средства во споредба со минатата година, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје. Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови, а ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, како и изградбата на 10 нови спортски објекти во училиштата.

Од СДСМ велат дека покрај вложувањата во објекти и опрема, се инвестира и во човечкиот капитал. Платите на вработените во основното и средното образование од 2017 година досега се зголемени за вкупно 36 отсто.

СДСМ како одговорна партија гради современ и ефикасен образовен систем, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Во октомври казнети 16.801 возачи, 232 пешаци и 63 возачи на електрични тротинети

Балканскиот медиумски камион пристигнува во Македонија

Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено, порачаа од ВРЕДИ