Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: На кои домашни и странски политичари Мицкоски им велел дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?

Мицкоски: Власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот на Македонија за 400 милиони евра
Ss2

На лицемерието на Христијан Мицкоски му нема крај. Како докажан антиЕУ политичар јавно декларира дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, па дури и мафташе со некакви изјави заверени од нотар дека пратениците од опозицијата се обврзале дека нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот. Но Мицкоски едно прави во јавноста, а сосема друго зад затворени врати, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата бараат Мицкоски да одговори дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“?

Ss1

Јавноста заслужува да ја знае вистината, на кои домашни и странски политичари Мицкоски и велел дека ќе го сменел Уставот доколку му дале власт?

Мицкоски се бори за власт и само за власт, нему не му се важни ни граѓаните, ни државата.

Расте кај Мицкоски стравот и нервозата, бидејќи како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите, затоа тој станува се поекстремен, само за да не заостане зад Левица, се вели во соопштението.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт