Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадата, цената ја плаќаат граѓаните

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадата, цената ја плаќаат граѓаните

„Христијан Мицкоски е тој кој што ги поттикнува блокадите на приватните превозници. Откако меѓусебно се обвинуваа за рацете во медот откако се испокараа за провизии сега Мицкоски и се реваншира на Данела Арсовска“ соопштуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата посочуваат дека „лично Мицкоски најавуваше 100 автобуси за Град Скопје во име на Арсовска. Денес ги нема ниту автобусите, ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше“.

„Штетата од сето ова ја плаќаат граѓаните кои утрово се разбудија во блокиран град и без јавен превоз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ приредуваат нова катастрофа на Скопје“ е ставот на СДСМ.

 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ За да дојде на власт Филипче е спремен да го прифати секое барање на Бугарија

Левица: Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните 

Филипче за Нова.рс: Орбан – Вучиќ – Мицкоски се како руските бабушки