Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски прифати уставни измени и сега дијалогот треба да продолжи

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

„Мицкоски јавно, на прес конференција, пред целата македонска јавност, прифати уставни измени.

dobivaj vesti na viber

Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа, а сите барања на најголемата опозициска партија беа прифатени.

Сега дијалогот треба да продолжи, сега може да се разговара како заеднички да се изведат уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат.

Потребно е широко обединување за интеграција на државата.

Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел.

Оваа одлука не е заради моментален полиитчки рејтинг, не е заради една партија или група поединци, туку е одлука за сите граѓани, кои заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ“,

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ