Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, да не измислува нови лаги, никој не му верува

СДСМ: Пропадна уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, ММФ има доверба во македонската економија

Христијан Мицкоски е против ЕУ. Тоа досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси на граѓаните. Сите лаги на Христијан Мицкоски досега потонаа во вода, реагира СДСМ по изјавата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека нема да има уставни измени додека Брисел не даде гаранција дека повеќе нема да има вето за Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ.

Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет.

Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти и додавки.

Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство.

Најдобро за Мицкоски е да не измислува нови лаги. Впрочем, никој не му верува на Мицкоски“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Тетовчанец вршел нелегален транспорт, друг бесправно граде

Тошковски: Отворен нов регионален К9 центар за обука и сертификација со поддршка од Мисијата на ОБСЕ

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати