Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски е обичен заложник на Апасиев, антиевропски политичар кој дејствува на штета на државата

СДСМ: Со континуитетот на Ванчо Михајлов, Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски секојдневно потврдува дека е само обичен заложник на Левица и Димитар Апасиев па и оттаму потребата постојано да глуми радикал, реагираат од владејачката СДСМ на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за уставните измени.

dobivaj vesti na viber

„Единствениот план на Мицкоски е да го следи Апасиев и со него да се натпреварува со блокади и деструкции со цел да го попречи европскиот пат на државата. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не поддржа ниту една одлука, не учествуваше во ниту еден процес важен за евроинтеграциите и за меѓунардоното потврдување на државата. Но затоа, истото тоа ВМРО-ДПМНЕ правеше и прави сè да ја загрози европската иднина, да пласира лажни вести со кои ќе ја манипулира и вознемирува јавноста“, се посочува во ракцијата од СДСМ.

Според нив, така се правело и за време на пандемијата со корона и за време на Европскиот предлог и за време на енергетската криза, „така прават и сега кога треба да се носат реформи со кои ќе се интензивира евроинтегративниот процес“.

„Без разлика на дејствувањето Мицкоски, СДСМ нема да се откаже од европската иднина. Силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат, а Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази“, потенцират од СДСМ.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите