Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мерките треба што побрзо да се усвојат, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните

Се препорачува ослободување од работа на неколку групи на лица поради загадувањето

Скопје со денови е меѓу градовите со највисоко аерозагадување на светот, што претставува ризик за здравјето на граѓаните. Загадувањето на воздухот во Скопје бара преземање неодложни мерки, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадувањето на воздухот во главниот град.

СДСМ предлага седум конкретни мерки, кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и кои треба што побрзо да се усвојат, и тоа:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз;

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје;

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето;

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување);

5. Подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје;

6. Чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни и

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Мерките треба што побрзо да се усвојат, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните. За СДСМ граѓаните се на прво место“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт