Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Средбата во Тирана е за спас на политичките кариери и бизнисите на Ковачевски и Ахмети

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е најдобриот слуга на Ахмети и заштитник на целиот криминал на ДУИ
300x250 (7)

Средбата во Тирана е за спас на политичките кариери на Ковачевски и Ахмети, поддржани од Апасиев кој глуми лажен патриот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Ковачевски нема ништо против средбата во Тирана, иако за македонски прашања се расправа надвор од државата, тоа е така зошто тој гледа гума за спасување на својата политичка кариера. Дали средбата во Тирана е на барање на Ковачевски?

Ss1

Кој ќе биде резултатот на средбата од Тирана, дали Ахмети ќе ги учи во Тирана за зелената агенда, или ќе му донесе втора тиранска платформа на Ковачевски, кој за да се спаси ќе треба да ја прифати?

Единствениот договор кој треба да го има помеѓу сите политички партии во Македонија, не во Тирана, е обединување против криминалот на СДС и ДУИ и договор за избори за народот да одлучи“ се додава во партиското соопштение.

Ss1

Можете да прочитате

ДИК: Сите гласачки места отворени навреме, пријавени помали технички проблеми

Тошковски: Досега нема посериозни нарушувања на изборниот процес

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани