Утрински Весник
Економија

СДСМ: Мерки на Владата и за помали сметки на струја во училиштата

СДСМ: Мерки на Владата и за помали сметки на струја во училиштата

„Економско енергетскиот совет на Владата, на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за претстојната зима“ соопштија од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од владејачката партија велат дека е „донесена одлука, на регулиран пазар на електрична енергија да бидат и основните и средни училишта низ целата држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на единиците на локалната самоуправа“.

„Тоа значи дека во текот на целата зима, образовниот процес ќе се одвива непречено и со физичко присуство. Дополнително, државата ќе продолжи да ја субвенционира сметката за електрична енергија од 80 отсто за 650.000 домаќинства, а над 70.000 компании и други правни субјекти ќе добиваат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската“ велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Дуршими: Постои ризик цените во земјава да се зголемат

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Битиќи: Македонија се движи кон автократски модел на владеење, се задушува слободата на говор