Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Лефков и ВМРО-ДПМНЕ се очајни, судијката е од тефтерчето на Јанкуловска избрана во 2012 година

Sdsm Web Default 1024x576 1.png

Соопштение за јавност, реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ наместо да се сокријат од јавноста во дупка, се обидуваат да лажат и вината да ја префрлаат на СДСМ. Но фактите и вистината не може да се скријат и еве доказ за тоа. Судијката Даниела Алексоска Стојановска е избрана токму од ВМРО-ДПМНЕ и излезена од тефтерчето на Јанкулоска. Таа станува судија на 8.2.2012 во екот на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните добро знаат како се бираа судиите тогаш и чиј избор е Алексоска Стојаноска.


Понатаму, страшно и жално е да се злоупотребува овој настан од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога самите добро знаат дека како судијката, така и таткото на оној кој ја прегази Фросина се блиски до нивната партија. СДСМ никогаш не сакаше да користи ваква реторика и напад, но очигледно ВМРО-ДПМНЕ нема граници, чест и углед за достоинствено да се носи со сите кризи и немили настани во државата. 

СДСМ нема да продолжи да игра на оваа карта, го предупредуваме ВМРО-ДПМНЕ да престане со некрофилски политики да го политизира случајот туку да најде решенија за дивеењето по улиците. Неспособноста на Тошковски да воспостави било каков ред во државата и на улиците резултира со жртви секој ден. Полицијата никаде ја нема кога е потребно, ниту има контрола над безбедноста. Тоа факт кој ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие.

ВМРО-ДПМНЕ нека си направи ревизија на самата себе, бидејќи извор на сите проблеми со безбедноста на улиците, со неправди и скандали се токму тие.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана