Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Лажна и по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ е анкетата на Институтот за политички истражувања

СДСМ: Лажна и по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ е анкетата на Институтот за политички истражувања

По сите релевантни анкети како поминува времето рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ драстично се намалува, градоначалниците од оваа партија се најголемо разочарување, Мицкоски менува ставови секој ден а Левица го зема опозицискиот примат, велат од СДСМ по објавувањето на анкетата на ИПИС.

dobivaj vesti na viber

„На ВМРО-ДПМНЕ им е потребна нова лажна анкета за нова лажна надеж за Мицкоски. Анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатата година. Ниту фактот дека Мицкоски нема став за ниту едно важно прашање. Граѓаните знаат како се спроведуваат нарачаните анкети.

Исто како што знаат дека овој институт и во 2020 година предидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи. Напротив. Медиумите објавија дека токму овој институт склучувал договори со државни институции во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како Агенцијата за вработување, Министерството за здравство и тн.

Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски кој никако да одговори за што е: за ЕУ или за Левица?“, реагира СДСМ.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните