Утрински Весник
Македонија

СДСМ: „Кучињата лаат караванот си врви“

Sdsm.jpeg

СДСМ обвини дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно разоткриена и дека Владата предводена од Христијан Мицкоски се соочува со сериозна финансиска и политичка криза.

Од СДСМ тврдат дека уште во јуни биле договорени мигранти „за пари“, за што, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, а граѓаните јасно порачале дека тоа нема да го дозволат. Според партијата, на Владата „ѝ гори под нозе“, бидејќи во буџетот нема средства, а финансиската дупка изнесува околу една милијарда евра.

„Нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно отсуство, ниту за поврат на ДДВ. Финансиската состојба е катастрофална“, соопштуваат од СДСМ.

Партијата обвини дека таканаречените „кујни на ДПМНЕ“ системски го пренасочуваат вниманието на јавноста од темите за мигрантите, недостигот на пари и, како што велат, криминалните скандали на власта.

Во тој контекст, СДСМ ги поврза и информациите за условното пуштање од затвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, оценувајќи дека станува збор за „смислено сценарио“ со цел таа да биде искористена во, како што велат, црна кампања и напади врз СДСМ, претседателот Венко Филипче и опозицијата.

„Пуштањето на Јанева има скриена цел – да биде алатка на ДПМНЕ во нивната медиумска и политичка стратегија, по српски рецепти“, наведуваат од СДСМ, правејќи споредба со случаи од Србија.

Од партијата предупредуваат дека власта ја губи контролата и дека ќе ги засилува нападите преку лажни вести, политички прогон и притисоци врз медиумите. Според нив, по Нова година ќе следи засилена медиумска кампања, а потоа избори на пролет и, како што тврдат, реализација на плановите за мигранти во јуни.

„Следиме сè и знаеме сè – разоткриени сте“, порачуваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Тинејџер претепан во берберница во Скопје

По втор пат доделени наградите ТРН – признанија за храбрите и упорните гласови во 2025

Повторно е блокиран граничниот премин Евзони